Иран:Одбележана уште една Ноќ на Кадр

by Administrator

Верниците ширум Исламската Република Иран синоќа со учење на Кур`ан и молитва ја одбележаа и третата поред Мубарек ноќ Лајлету-л-Кадр.

Не е точно познато кога настапува оваа ноќ, што муслиманите ја нарекуваат и Ноќ на судбината, но исламските традиции укажуваат дека таа е една од непарните ноќи во последната третина од месецот на постот – Рамазан.

Шиитските муслимани, кои сочинуваат мнозинство од населението во Иран, посебно внимание посветуваат на 19-ти, 21-ви и 23-ти ноќи на Рамазан, сметајќи ја како ноќ една од нив во која на пророкот Мухамед (с.а.в.с.) му е објавена светата книга Кур`анот.

Но, оваа година, поради пандемијата на коронавирус и мерките за социјално дистанцирање, многу верници ја минаа ноќта во молитва во нивните домови.

Сепак, оние што решија да учествуваат во јавни програми, се обидоа да ги следат протоколите поврзани со сузбивање на пандемијата на коронавирус, а меѓу нивните молитви беше и онаа човештвото да се спаси од пандемијата.

Претходно, на џамиите во Иран им беше дозволено да се отворат во овие три ноќи од полноќ до 2 часот по полноќ за да ги одбележат тие свети ноќи, со посебни мерки на претпазливост, како што се носење маски, сопствени килими и книги (Кур`ан и молитва), почитување растојанија итн.

Во некои градови, како и во Техеран се одржуваа јавни верски програми на отворено, кои верниците ги следеа од нивните автомобили.

You may also like