АНКАРА (АА) – Тројца цивили загинаа, а 19 цивили се повредени во нападот кој милицијата поврзана со Калифа Хафтар, водачот на илегалните сили вооружени сили на истокот на Либија, го изведе на патниот правец Теџура, во главниот град Триполи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Емин ал-Хашими, потсекретарот на либиското Министерство за здравство, во изјавата за АА истакна дека во ракетниот напад на милицијата на Хафтар, на крајбрежниот патен правец Текура, во источнниот дел на Триполи, загинале 3 цивили, 19 се повредени, од кои 3 се деца.
Хашими додаде дека повредените деца биле однесени во блиската теренска болница.
Во синоќешниот напад на милицијата на Хафтар во населбата Хадба, во јужниот дел на Триполи, животот го загуби брачен пар кој бил во куќата каде што падна ракетата, а нивното дете е тешко повредено.









