СКАНДАЛ: Претседателот на Танзанија наредил тајно тестирање на коза и папаја, па добиле човечки резултати

by Administrator

Дар ес-Салам (Dar esSalaam) („Ројтерс-Reuters“) – Танзанија го суспендираше шефот на својата национална здравствена лабораторија одговорна за тестирање на коронавирус и нареди истрага еден ден откако претседателот Џон Магуфули (John Magufuli) ја доведе во прашање точноста на тестовите.

Магуфули  (Magufuli) во неделата рече дека тој потајно на безбедносните сили им наредил да го проверат квалитетот  на увезните комплети за тестирање, тие го направиле тоа и покажале дека тестотовите се неисправни бидејќи тие дале позитивни резултати на коза и папагал и добиле човечки резултати, поточно, примероците содржеле имиња и години на раѓање на вистински лица, па дури и лабораториските техничари не се сомневале во ништо.

Претседателот рече дека верува дека со оглед на тоа што ковид-19 тестовите на папагалот и козата се позитивни, тоа значи дека тестовите се технички неисправни затоа што покажуваат дека има меѓу луѓето кои биле позитивни, а всушност го немаат вирусот.

„Нешто сомнително се случува. Јас претходно реков дека треба да бидеме свесни дека целата помош што ни ја испраќаат од странство не е добра за оваа земја“, рече тој.

Тој не рече од каде се увезени комплетите или зошто властите се сомневаат во резултатите.

Кетрин Сунгура (Catherine Sungura), вршител на должноста директор за комуникации во Министерството за здравство, во понеделникот изјави дека директорот на лабораторијата и нејзиниот шеф за обезбедување квалитет веднаш биле суспендирани „за да го отворат патот за истрага“.

Сунгура (Sungura) рече дека е формиран комитет од 10 лица за да ја испита работата на лабораторијата, вклучително и неговиот процес на собирање примероци и анализи.

Магуфули (Magufuli) исто така во неделата го отпушти директорот на владиниот оддел за медицински продавници, кој е одговорен за дистрибуција на медицински материјали и опрема во владините болници, но не даде причина.

Пишува: „Reuters“

Пренесува: „Dubai-Portal“

You may also like