АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека респираторниот апарат што Турција го разви со Националниот технолошки потег, ќе им помогне на Сомалијците, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во објавата на Твитер, осврнувајќи се на помошта што ќе биде испратена за Сомалија, истакна: „Респираторниот апарат што го развивме со Националниот технолошки потег, ќе биде здив за браќата Сомалијци. Цивилизацијата не е можност, туку прашање на совеста. Можностите и совеста на нашиот народ се со угнетените и сиромашните. Почитуван народе, во твоето срце има старо дрво наречено милосрдие!“

Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, исто така на својот Твитер профил напиша дека тешките времиња го научиле турскиот народ на самодоверба, и да биде инспириран од тоа.

„Сведоци сме на достигнувањата на што ги започнавме со Националниот технолошки потег под водство на нашиот претседател. Турција ќе биде здив за нашите сомалиски браќа“, нагласи Варанк, во објавата на Твитер.

Anadolu