Марковски: „Тие кои тврдат дека на есен ќе има нов бран на коронавирус, нека објаснат од каде им се изворите“

by Administrator

Инфектологот Вело Марковски во интервју за ТВ21 истакна дека никој не знае дали може да се врати всоирут на есен, а тие кои тврдат дека може да се врати треба да објаснат од каде знаат, односно од каде им се изворите.

„Претпоставка е дека ќе се врати, се споредува со вирусот на грипот, но се работи за различен тип на вируси. Овој вирус е присутен, секоја година се враќа но не толку вирулентен“, вели Марковски.

Тој додава дека вирусот може да се врати ама да биде како во минатата година, кога 30% од населението се инфицира, но поминува како лесна настинка.

„Дека ќе имаме коронавирус, ќе имаме, но дали ќе се врати вака вирулентно никој не може да каже“, порачува Марковски.

TV21

You may also like