Saturday, April 18, 2026
Home Свет Бразил: Масовни протести против строгите мерки поради коронавирусот

Бразил: Масовни протести против строгите мерки поради коронавирусот

102
0

Во поголемите градови во Бразил, стотици луѓе го блокираа сообраќајот во знак на протест поради мерките за изолација воведени за борба против пандемијата на коронавирусот, на кои, исто така, се спротивставува и претседателот на државата Жаир Болсонаро.

Brazil's Bolsonaro fires Health Minister Mandetta over coronavirus ...

Демонстрантите во камиони, автомобили и моторцикли свиреа вчера со ссвирките по улиците Рио де Жeнеиро, Сао Паоло и Бразилија, барајќи гувернерите да поднесат оставка поради мерките што доведоа до повеќенеделно затворање на многу бизниси.

Europe coronavirus death toll crosses 100,000: Live updates | News ...

Претседателот Болсонаро е остар критичар на мерките за останување во домовите, оценувајќи дека економската штета може да биде полоша од самата болест.

Brazil: Bolsonaro supporters protest against coronavirus ...

Протестите се случија еден ден откако Болсонаро го разреши министерот за здравство, кој се залагаше за доследно спроведување на мерките за изолација.

Во Рио де Жанеиро околу 100 автомобили беа вклучени во блокада на патиштата и привремено ја затворија плажата Копакабана.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=gsNjKvdd_Wg[/embedyt]

AJ