Светската унија на исламски научници (IUMS) соопшти дека коронавирусот (КОВИД-19) не представува пречка за постот, освен за луѓето заразени со вирусот.

Во изјавата на IUMS се вели дека тие внимателно ги следат сите случувања околу пандемијата, особено во пресрет на пристигнувањето на мубарек месец Рамазан.

Истакнувајќи дека има расправа околу тоа дали да се пости за време на светска пандемија, Светската унија на исламски научници јасно стави до знаење дека коронавирусот не е бариера за постот, освен за луѓето заразени со вирусот.

– Постот во месецот Рамазан е едно од најосновните правила на исламот. Постот е јасна одредба за сите возрасни муслимани, освен оние кои се ослободени од оваа обврска поради одредени состојби како што се болести, патување, старост и бременост.

Исто така, КОВИД-19 не е оправдана причина да не се пости, освен за оние луѓе кои имаат болест. Научните и медицинските истражувања покажуваат дека постот не го ослабува имунолошкиот систем, напротив, ги надополнува клетките во организмот и придонесува за организмот – се вели во соопштението.

Покрај тоа, се додава дека муслиманите во земјите каде што џамиите се затворени под здравствени мерки воведени заради коронавируси, треба да клањаат терави-намаз во нивните домови.

Исто така, во рамките на борбата против епидемијата на апелираше до муслиманските земји да ги ослободат сите затвореници, да постигнат договор и да ги прекинат војните во месецот Рамазан, да ги укинат блокадите и да ги ослободат научниците од затворите и сите други кои допринесуваат на муслиманското општество во секоја земја и пошироко.