Велика Британија од Кина набави тестови за детекција на коронавирусот (Ковид-19) во вредност од 16 милиони фунти, а во таа земја се појавија тврдења дека станува збор за бескорисни тестови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тестовите кои покажуваат дека лицето развило имунитет откако е заразено со вирусот не ги дадоа посакуваните резултати. Утврдено е дека тестовите на двете кинески компании не дадоа исправни резултати, после што властите покренаа процес на враќање на 16 милиони фунти, пишува „Дејли Мејл” (DailyMail).
Од друга страна, напорите ма Велика Британија да произведе свои веродостојни и брзи тестови на антитела се уште не се завршени.
Постојат два вида тестирања на Ковид-19. PCR тестови, кои потврдуваат присутност на вирусна генетичка информација во тестираниот примерок, за кој се потребни барем неколку часа за да се добие резултатот.
Вториот вид за тестирање е таканаречениот брз тест SARS CoV-2, а служи за детекција на антитела во организмот, кои имунолошкиот систем ги создава како одговор на присуство на вирусот во организмот. Брзиот тест детектира два вида антитела IgM и IgG, кои покажуваат дали лицето остварило контакт со вирусот.
Anadolu










