Имајќи ја во предвид моменталната ситуација во светот зафатен од страна на пандемијата на коронавирусот, имавме можност накратко да поразговараме со г-динот Адем Ајдароски, за моменталната состојба во населба Подгорци.
Дубаи Портал: Подгорци, како и голем број населби се соочува со епидемијата на Корона вирусот. Како претседател и челн на Кризниот штаб, ќе може ли да ни кажите каква е моменталната состојба во ова населба?
Ајдароски: Подгорци, како и сите останати населени места во државата и светот, се соочува со пандемијата предизвикана од „КОРОНА“ вирусот. Според информациите што ги добиваме од здравствените институции, а особено од лекарите по семејна медицина кои се матични лекари на поголемиот број граѓани на нашето населено место, можеме да кажеме дека во с.Подгорци, до овој момент, нема регистрирани заразени лица со овој вирус. Во комуникација со граѓаните, може да се забележи видна загриженост за состојбите.
Особена загриженост се забележува кај граѓаните кои имаат блиски и подалечни роднини во странство, бидејќи немаат доволни информации каква е состојбата таму, и што е поважно, кога овие лица ќе можат да се вратат во нашата државата. Се разбира загриженост кај граѓаните се јавува и како резултат на финансиската неизвесност, имајќи го во предвид фактот што, поголемиот број помали и поголеми бизниси во моментот се во застој. Како членови на кризниот штаб, исто така можеме да потврдиме дека граѓаните во најголема мера се придржуваат кон пропишаните мерки за спречувње на ширење на овој вирус.
Дубаи Портал: Дали имате информации за евентуално заразени граѓани со овој вид на вирус, и колкава е бројката?
Ајдароски:. Како што е наведено погоре, уште еднаш укажуваме дека членови на овој кризен штаб се и матични лекари на поголемиот број граѓани на оваа населено место. Матичните лекари согласно новите протоколи на министерството за здравство и согласно платформата „мој термин“ се главни организатори на процесот на тестирање на потенциалните носители на овој вирус, и исто така тие се првите кои ги добиваат резултатите од испитувањата на земените брисеви. Од тука, со голема сигурност можеме да потврдиме дека во с.Подгорци, нема ниту еден заразен со вирусот „КОРОНА“.
Дубаи Портал:Превземени се ли соодветни мерки на заштита и олеснување на моменталната состојба на граѓаните.
Ајдароски: Кризниот штаб во с.Подгорци, во координација со општинскиот кризен штаб, превзема низа мерки за заштита и спречување на ширење на оваа заразна болест. Исто така се превземаат и мерки со кои им се помага на оние граѓани кои имаат потреба од помош во овие тешки мигови, а особено на лицата од социјално загрозени семејства. Кризниот штаб исто така ги пренесува препораките од општинскиот кризен штаб до граѓаните, помага во организрање на одредени активности како што е дезинфекција на улиците и низа други мерки.
Дубаи Портал: Евидентирани ли се некакви прекршувања на полицискиот час, или некој сличен инцидент ?
Ајдароски: Во однос на поведението на нашите граѓани, потврдуваме дека во билтени на дневни настани на МВР, нема евидентирано ниту едно нарушување на полицискиот час, од граѓани на с.Подгорци. Исто така потврдуваме дека фирмите кои работат во с.Подгорци досега не направиле повреди на уредбите донесени од влада, кои се однесуваат на работно време како и мерки на безбедност на вработените.
Дубаи Портал:Постои ли комуникација со општинските органи и кризните штабови од другите населби ?
Ајдароски: Кризниот штаб во Подгорци, е организиран на доброволна основа, од лица кои изразија желба да дадат свој допринос, и да помогнат на институциите на системот како и на нашите граѓани, сите полесно да се справат со оваа новонастаната вонредна состојба. Иако, сите членови доброволно се приклучиле во оваа организација, можеме со сигурност да ви укажеме дека сите тие многу одговорно пристапуваат кон обврските кои ги превзеле со формирање на овој кризен штаб. За полесно извршување на своите активности, овој кризен штаб е во постојана комуникација со општинскиот кризен штаб, а по потреба и со останатите кризни штабови од околината.
Дубаи Портал:И за крај, што би им порачале на граѓаните на населба Подгорци ?
Ајдароски: Како пораки што сакаме да ги испратиме до граѓаните се следни: – ОСТАНЕТЕ ДОМА. – КОЛКУ ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ, ИЗБЕГНУВАЈТЕ БЕЗПОТРЕБНА КОМУНИКАЦИЈА И ДВИЖЕЊЕ. – ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ СИТЕ ПРОПИШАНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА, КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА СРЕДСТВА ЗА ЗАШТИТА И ОПШТЕСТВЕНО ДИСТАНЦИРАЊЕ










