Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во Словенија опаѓа, покажуваат податоците на владата, ама ифектолозите предупредуваат дека состојбата сè уште не е стабилна и дека треба да останат ограничувањата.
Од 554 тестирани во неделата, само седум биле позитивни, објави владата на Твитер во понеделникот.
Инфицирани се вкупно 1.212, 55 умреле, а 152 се излечиле.
Инфектолозите посочуваат дека бројот на нови дневни инфекции во последниве денови опадна од повеќе од 20 во почетокот на април, што укажува на тренд за спречување на епидемијата.
Но, тие предупредуваат дека ситуацијата сè уште не е стабилна, па ограничувањата за економијата, одржувањето физичко растојание и забраната за напуштање на престојот остануваат на сила, освен за работа или други вонредни состојби.
(Вијести.ба / ФЕНА)










