Саудиската администрација, по долги кампањи против Турската новинска агенција Анадолу (АА), воведе блокада и на веб-страната Турската радио Телевизија (ТРТ) кои емитуваат вести на арапски.
Саудиска Арабија, која честопати се споменува во контекст на кршење на човековите права и слобода на изразување, долго време водеше кампања против турските медиуми преку лажни профили на социјалните медиуми, и како резултат, блокирање и на веб-страниците на ТРТ и АА.
Сите читатели на турските медиуми на Саудиска Арабија изјавија дека денес биле предупредени со порака при обидот да влезат на страницата: „Извинете, оваа страница ги прекршува правилата на Министерството за информации“.
Официјалните саудиски институции сè уште не одговориле на оваа одлука, што е јасно кршење на слободата и изразувањето на медиумите.
Активистите на социјалните медиуми реагираа на забраната за пристап до турските новински организации, а забраната ја оценија како една од нарушувањата на слободата на печатот и изразувањето, која уште повеќе се зголеми за време на владеењето на крунскиот принц Мохамед бин Селман.
Јорданскиот писател Ихсан ал-Факих изјави дека бесмислената одлука на Ријад за блокирање на турските медиуми е безначајна, додавајќи дека претходно се случило да се одрече пристапот до медиумите поради емитувањето на вестите кои „не одат на рака“ на саудиската администрација.
Женевскиот комитет за поддршка на печатот издаде изјава во која се осудува потегот на Саудиска Арабија да ги блокира турските страници за медиуми. Во изјавата се потенцира дека кршењето на правата на новинарите и на новинските организации не треба да се користи како алатка за политички притисок.
Еден од најспецифичните примери во овој контекст е случајот на саудискиот новинар и колумнист на „Вашингтон пост“, Џамал Кашогиги, кој беше убиен на 2 октомври 2018 година во саудиски конзулат во Истанбул, кој тој ден отиде на закажана средба за да ги издаде потребните документи за лична карта.
После неколку дена негирање, властите на Саудиска Арабија признаа дека Хашоги бил убиен, а потоа судот во Саудиска Арабија осудил пет смртни казни. Тројца други обвинети беа осудени на вкупно 24 години затвор. Блиските соработници на принцот Бин Салман се ослободени од сите обвиненија.
Комесарот за човекови права на Обединетите нации (ОХЧР) тврди во извештајот на 101 страница дека убиството на Хашогиги е чин на предумисла на Саудиска Арабија. Во извештајот се наведува дека постојат валидни докази дека е потребна истрага за вмешаност на највисоки саудиски власти во убиството, вклучувајќи го и принцот Бин Салман.
