Со милијарди луѓе кои во моментот се затворени во своите домови, многумина се прашуваат колку долго ќе трае ова и што ќе се случува кога повторно ќе излеземе од домовите? Новите модели сугерираат дека овој бран на физичко дистанцирање е само првата фаза во долгата војна што може да трае до 2022 година.
Првото прашање со кое се соочуваат многу влади ширум светот е колку долго ќе треба да се применуваат овие екстремни мерки за физичко дистанцирање?
Кина можеби успеа да го намали ширењето преку извонредно екстремни мерки, кои траеја од осум до 10 недели.
Новата студија на универзитетот во Сиднеј го моделира ширењето на КОВИД-19 во Австралија и ја измери директната врска помеѓу времетраењето на овие акутни мерки за физичко растојание и процентот на населението што се придржува кон правилата.
Ако сакаме да го контролираме ширењето на КОВИД-19 – наместо да не дозволиме да не контролира болеста – најмалку 80 проценти од австралиското население мора да ги почитува строгите мерки за физичка дистанца најмалку четири месеци“, објаснува шефот на студијата за новиот модел Михаил Прокопенко.
„Меѓутоа, ако 90% од населението се придржува, тогаш времетраењето би можело да биде од 13 до 14 недели”.
Кога животот ќе почне да се враќа во нормала?
Можеби највпечатливиот наод во студијата е откривањето дека ако помалку од 70 проценти од населението се придржува кон практиките на физичко дистанцирање, пандемијата не може да се потисне.
Прокопенко посочува дека сите практики за физичко дистанцирање би биле „неплодни“ доколку не бидат почитувани од доволно голем број на луѓе.
Никој не знае
Марк Липстич, професор по епидемиологија од универзитетот Харвард, е воздржан да постави точен датум колку долго треба да трае почетното силно физичко растојание.
Повеќе на РСЕ











