Бројот на заразени од вирусот корона на американски носач на авиони се искачи на најмалку 23, при што властите планираат да го изолираат целиот екипаж на пристаниште, јавуваат американските медиуми.
Претходно оваа недела, тројца морнари беа евакуирани откако беа тестирани позитивно, што беше првиот случај на наезда на американската морнарица која е во мисија.
„Откриени се дополнителни позитивни случаи на Ковид-19“, изјавил командантот за операции на морнарицата Адмирал Мајк Гилдај, но не го прецизираше бројот.
Тој истакнал дека очекува понатамошни позитивни тестови меѓу повеќето од 5.000 членови на екипажот на воениот брод стациониран во Гуам во согласност со претходно планираната посета на пристаништето.
Ниту еден од заразените не е сериозно болен и не е хоспитализиран, истакнал адмиралот, пренесува АФП.
Волстрит Журнал објави дека „најмалку 23 случаи биле на бродот“ и го цитираше секретарот на морнарицата Томас Модли дека „100 проценти од екипажот е под тест“.









