Борис Џонсон позитивен на вирусот корона

by Administrator

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон изјави дека е позитивен за коронарниот вирус, соопштија светските агенции.

„Во последните 24 часа имав симптоми на инфекција, а резултатот од тестовите покажа дека сум бил позитивен“, изјави британскиот премиер.

Џонсон додаде дека тој во моментов е во изолација, но ќе продолжи да ја води Владата на Велика Британија преку видео-врски.

You may also like