Македонската амбасада во Љубљана (Ljubljana) соопшти дека, државјаните на земјава ќе можат легално да го продолжат престојот во Словенија (Slovenia), како една од мерките против ширењето на коронавирусот.

Според словенечкото Министерство за надворешни работи, македонските државјани затекнати на територијата на Словенија, на кои ќе им истече работната дозвола, дозволата за престој или рокот од 90 дена во рамки на 180 дена, ќе се смета дека легално престојуваат на територија на Словенија, заради исклучителна ситуација, објави Македонската Амбасада во Љубљана (Ljubljana) , на профилот на Твитер (Twitter).

Dubai-Portal