37
Здравствениот систем во Шпанија се распаѓа заради зголемениот број на пациенти со коронавирус, пренесува Вијести.ба.
Како резултат, ќе бидат регрутирани пензионирани лекари и медицински сестри и ќе бидат ангажирани студенти од последната година на медицината и високото медицинско училиште.
Шпанското Министерство за здравство го објави вработувањето на 50.000 нови здравствени работници.
Во четвртокот, бројот на заболени од коронавирус се искачи за 4.360, на вкупно 18.077 лица, со што Шпанија е втора европска земја во однос на болеста по Италија.
