Со цел да се заштити од коронавируси, Црна Гора вечерва воведе нови привремени мерки, кои подразбираат, затворање на границите за странците и задолжителна самоизолација за патниците од странство.
На седницата на Националното координативно тело беше решено дека во Црна Гора границите за странците ќе бидат затворени денес, освен за оние што работат во Црна Гора, задолжителна е самоизолацијата, се затвараат, кафулиња, спортски сали и трговски центри.
Исто така, границите на Србија се затворени вечерва, освен за дипломатите, странските државјани со дозвола за престој и српските државјани кои се враќаат од странство.
– На нашите граници ќе има армија на Република Србија, која ќе помогне во санитарната инспекција, граничната полиција да ги чува нашите граници. Србија се затвора вечерва – изјави премиерката Ана Брнабиќ за РТС, откако српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи вонредна состојба.
Извор: Фактор








