Во Турција утре се затвараат баровите и ноќните клубови

by Administrator

Баровите и ноќните клубови ќе бидат затворени утре во Турција со цел  да се спречи ширењето на вирусот корона, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи.

Министерството соопшти дека оваа привремена забрана ќе стапи во сила утре наутро.

Министерството не прецизираше колку долго ќе трае забраната.

Турција, иако е една од најголемите транзитни земји во светот, во моментов има само шест пријавени потврдени случаи на инфекција со коронавирус.

(Вијести.ба)

You may also like