АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека денешните услови во споредба со потребите на мигрантите во 2016 година се различни, и дека Европа не дава поддршка во врска со мигрантите што доаѓаат од Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).

Чавушоглу гостуваше на Уредничкиот деск на АА, при што се осврна на актуелните теми како прашањата за Идлиб, ЕУ, мигрантите и друго.

Шефот на турската дипломатија говореше и за односите меѓу неговата земја и Европската Унија (ЕУ).

„Поминавме во нова фаза во однос на дијалогот, но треба да се преземат чекори за да се реализираат вистински односите“, рече Чавушоглу.

Осврнувајќи се на миграцијата од Идлиб, Чавушоглу укажа на тоа дека не е дадена поддршка од Европа во врска мигрантите.

„Од една страна велите да нема миграција (од Идлиб), а од друга страна (од Европа) не давате поддршка за овие луѓе да живеат тука“, изјави Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи на Турција укажа на потребите на мигрантите и рече: „Денешните услови во споредба со потребите на мигрантите во 2016 година се различни. (Со ЕУ) Ќе разговараме за тоа што можеме да направиме во рамки на новите услови.“

„Границите на Европа не почнуваат од границата меѓу Турција и Грција. Границите на Европа почнуваат од јужната и источната граница на Турција“, истакна турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.