Брисел: „Ердоган ја откажал заедничката конференција и заминал. ЕУ бара да се почитува договорот за мигранти“

by Administrator

Лидерите на Европската унија ја повикаа Турција да ги почитува одредбите на договорот со кој мигрантите треба да се држат подалеку од европските граници.

До ова дојде во текот на вчерашните разговори на лидерите на ЕУ со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган кој престојуваше во Брисел.

Имаше одредена тензија по разговорите, бидејќи Ердоган наместо да одржи заедничка конфренција со претседатлката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел директно отишол на аеродром.

„Јасно е дека имаме несогласувања, но зборувавме отворено. Беше тоа добар разговор“, изјави по состанокот Фон дер Лајен. Ердоган кој бара поголема помош во Сирија реши да ги отвори границите и да ги пушти мигрантите кон Европа.

„R.S.E“ – „Dubai – Portal“

You may also like