ТРИПОЛИ (АА) – Владата на национално единство на Либија, која е признаена во рамки на Обединетите нации (ОН), соопшти дека убиени се 23, а фатени се четворица припадници на милицијата на водачот на илегалните вооружени сили во источниот дел на земјата, Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мустафа ел Меџеи, портпарол на една од операциите спроведени од страна на Владата, во изјава за АА истакна дека силите на Владата на национално единство ги спречиле нападите извршени од повеќе точки во јужниот дел на Триполи од страна на милицијата на Хафтар, и дека во настанатите судири биле убиени 23, а фатени се четворица припадници на милицијата.

Меџеи нагласи дека во судирите загинале 9 војници на силите на либиската Влада.

Според Меџеи, силите на либиската Влада за национално единство, за време на нападите во местата Ел Азизије и Ес Севани, уништиле 6 воени возила, додека во местото Ајн Зара уништиле еден повеќецевен ракетен фрлач.

Иако либиските страни го прифатија предлогот на Турција и Русија за примирје на 12 јануари, милицијата на Хафтар продолжува со прекршување на примирјето.