Турскиот потпретседател Октај: Со операцијата „Пролетен штит“ ќе спречиме хуманитарна трагедија

by Administrator

АНКАРА (АА) – Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека со операцијата „Пролетен штит“ ќе се спречи формирањето терористичка држава покрај границата со Турција, но и ќе се спречи хуманитарна трагедија, јавува Агенција Анадолија (AA).

„Со операцијата „Пролетен штит“ ќе го спречиме формирањето терористичка држава покрај нашата граница, но истовремено и хуманитарната трагедија. И на теренот и на маса ќе го дадеме заслужениот одговор на оние кои како цел ги земаат нашата независност и иднина“, рече Октај.

You may also like