РАМАЛА (АА) – Израелските власти го забранија извозот на палестинските земјоделски производи од окупираниот Западен Брег и блокираната Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Израелската војска веќе неколку дена не дозволува излез на камионите од палестинските територии, а палестинските извозници се известени дека повеќе нема да можат да извезуваат земјоделски производи“, се наведува во соопштението на палестинското Министерство за економија.

Израелските власти на 2 февруари донеле одлука за забрана на извоз на производите од палестинските територии, а ден подоцна палестинската администрација одговори со забрана за увоз на израелските земјоделски производи.