Ирска: Општи избори 2020

by Administrator

Граѓаните денес излегуваат н општи избори во Република Ирска.

Гласачките места се отворија во 7 часот наутро и ќе се затвораат во 10 часот по локално време.

Пребројувањето на гласовите ќе започне во недела. Новите избрани пратеници ќе се соберат во парламентот на 20 февруари, јавува Би-Би-Си (BBC).

Шансите се големи за коалициска влада

Се избира  вкупно 160 пратеници, а на владата и се потребни 80  за мнозинство. БиБиСи додава дека е мали се шансите да се добие таа потребна бројка на пратеници, и највеорјатно ќе се спрема коалициска влада.

2100 луѓе кои живеат на 12 ирски острови, гласаа вчера.

Што велат анкетите?

Новата анкета објавена пред четири дена покажа дека Син Феин(Sinn Fein) стана најпопуларна партија во Ирска, на пет дена пред изборите, што се чини дека претставува голем исчекор за тоа политичко крило на поранешната ирска републиканска армија (ИРА)(IRA).

Анкетата на (Irish Times) (Ириш Тајмс) и Ipsos MRBI (Ипсос ЕМ-ЕР-БИ-И) објавена во понеделникот покажува дека Син Феин(Sinn Fein), левичарска политичка група, има поддршка од 25 проценти од гласачите, пред центристичката Фиана Фаила (Fianna Faila) кој има 23 проценти и владејачката Фине Гаел (Fine Gael) кој има 20 проценти поддршка.

Фине Гаел(Fine Gael) и Фиана Фаила (Fianna Faila) одбиваат да владеат во коалиција со Син Феин(Sinn Fein), заради нивната поврзаност со (ИРА)(IRA) и спротивставените економски политики.

Лидерот на партијата, Мери Лу Мекдоналд(Mary Lou McDonald), во моментов е најпопуларна политичарка со 41 процентна поддршка, пред премиерот Лео Варадкар(Leo Varadkar) и лидерот на Фиана Фаила (Fianna Faila) , Мајкл Мартин(Michael Martin).

Се кандидираат само 42 кандидати

И покрај анкетата, малку е веројатно дека Син Феин(Sinn Fein) ќе стане најголемата партија бидејќи се кандидираат само 42 кандидати, скоро двојно помалку од Фине Гаел (Fine Gael) и Фиана Фаила (Fianna Faila).

За тоа на Син Феин(Sinn Fein) му е потребо сите негови кандидати да бидат избрани во Домот во кој има 160 претставници. Аналитичарите сметаат дека е тешко за секоја партија. Ирскиот пропорционален изборен систем ги фаворизира партиите кои прогласуваат повеќе од еден кандидат во поголемите изборни единици.

Ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ (RTE) претходно ја повлече својата одлука да не го покани МекДоналд (McDonald) на изборната дебата, што ќе се одржи во вторникот вечерта.

РТЕ претходно планираше да ги покани само Варадкар(Varadkar) и Мартин(Martin), партиски лидери, кои според достапните податоци, се претпоставуваа дека ја формираат следната ирска влада.

Dubai – Portal – Irish Times

You may also like