Полицаец во Велес денеска изутрина е ранет во инцидент што се случил кај црквата „Св. Спас“.
Според информациите на ТВ 24, тој и негова колешка биле во контрола кај црквата по пријава дека жители на населбата “Рамина“ континуирано вршат грабежи на чанти од верниците кои доаѓаат во црквата.
Неофицијално настанала мешаница при што едно лице му го одзеде пиштолот на полицаецот и со него испука 5 куршуми во службеното лице. Четири од куршумите завршиле во стомакот, а еден во коленото на полицаецот.
Полицаецот бил хоспитализиран на скопските Клиники.
Tera.








