Пред три дена, американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, во друштво на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, конечно откри картата на иднината на Палестина, или што ќе остане од неа, што Трамп го претстави како дел од „Договорот на векот“.
Ерусалим во целост би му припаднал на Израел, Западниот Брег исто така, со неколку преостанати области во кои сè уште живеат Палестинците, а на Појасот Газа, што ќе остане недопрен, ќе му бидат додадени неколку пустински гранични енклави на југот. Меѓутоа, долината на реката Јордан и границата со Хашмитското Кралство припаѓаат на Израел и Нетанјаху вчера соопшти дека веднаш ова територијата ќе јаанектира на ционистичкиот ентитет.
Сосема е природно и предвидливо дека Палестина веднаш и официјално го отфрли ваквиот „договор“. Се разбира, палестинскиот став ќе најде широко распространета поддршка во арапскиот свет, уште еднаш покажувајќи дека времето во кое САД се однесувале како посредник во арапско-израелскиот конфликт се веќе е завршено.
Подеднакво очигледно, овој план нема никаква врска со прашањата за „Блискиот источен мир“ и е дизајниран да ги исполни сите соништа на пријателот на Трамп, Бенџамин Нетанјаху.
Со овој „територијален компромис“, американскиот претседател понуди 50 милијарди долари инвестиции во идната „Палестина“ и изградба на тунел помеѓу Појасот Газа и расфрланите енклави на Западниот Брег.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера веднаш го отфрли „мировниот план на Блискиот исток“ на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека „Ерусалим не е на продажба“ и ги предупреди Вашингтон и Тел Авив дека „договорот на заговор нема да помине“.
„Вашиот договор за заговор нема да помине и палестинскиот народ ќе го отфрли“, предупреди Абас вчера, откако Трамп го претстави својот долгоочекуван „мировен план“ меѓу Израел и Палестина.
Изјавувајќи „дека е невозможно за Палестинците да прифатат држава без Ерусалим“, која според планот на Трамп ќе остане главен град на Израел признаена од Соединетите држави, Абас го изнесе своето мислење за ова прашање.
„Не, не и големо не на договорот на векот. Планот ќе биде фрлен во депонија на историјата, додаде палестинскиот лидер.
Колнејќи се дека нема да се „поклони на барањата за окупацијата“, Абас најави нова рунда разговори со Фатах, велејќи дека Палестина е подготвена да го пречека Блискиот источен квартет, кој го водеше израелско-палестинскиот мировен процес скоро две децении.
По неговиот говор на Твитер, Трамп објави „концептуална карта“ на решението со две држави, покажувајќи го многу намалениот Западен Брег пресечен со израелските населби. Додека овие етнички разделени населби се нелегални според меѓународното право, Мировниот план ги признава како постојан, иако наметнува четиригодишно замрзнување на изградбата на нови населби. Исто така, постои тунел што ги поврзува Западниот Брег и Газа, и две парчиња пустинско земјиште во југозападен Израел, кои би биле „додадени на Палестина“, што ги поврзува тесниот појас на територија со Газа.
Договорот како престолнина на палестинската држава го гледа како Источен Ерусалим, но надвор од постојната безбедносна бариера што ги одделува арапските населби од остатокот на Ерусалим и не го вклучува Стариот град, кој моментно е дом на многу палестински жители на градот.
Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху стоеше пред Трамп додекато го детализираше предложениот план, ниту еден палестински претставник не беше присутен на говорот. Палестинската управа на Абас го отфрли договорот со презир, нарушувајќи ги комуникациите со Вашингтон откако САД ја преместија својата амбасада во Ерусалим. Овој исход се чинеше дека се очекуваше, а за Палестинците, Трамп рече дека „најверојатно нема да го прифатат договорот од почеток, но економскиот притисок на крајот ќе ги скрши“.
Како и да е, ова изгледа малку веројатно, бидејќи блокадите, ембаргото, изолацијата и репресијата во изминатите децении само го зајакнаа отпорот кај Палестинците и тие едноставно не размислуваат само во рамките на параметрите на економска корист или штета во случајот со нивните домови и киднапирани земји. Ова е она што Трамп или не го разбира, и ако тој разбира, тогаш овој договор беше намерно дизајниран да биде отфрлен од Палестинците, за да можат подоцна да бидат обвинети од Израел и Белата куќа за „неподготвеност да се вклучат во дијалог“.
Извор:logicno.com
