Нов земјотрес ја погоди Турција

0
176

Нов земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди денеска источниот дел на Турција, јавуваат медиумите.

Епицентарот бил во провинцијата Елазиг, место кое беше тешко настрада синоќа во земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер.

Според Европскиот медитерански институт, земјотресот се случил на длабочина од десет километри.

Потсетуваме дека најмалку 29 луѓе загинаа во силен земјотрес синоќа, а повеќе од илјада се повредени.