Ако постои закана за вашиот живот како резултат на климатските промени и вонредна состојба и ако ја преминете границата и влегувате во друга земја, не треба да бидете вратени назад затоа што вашиот живот е загрозен, како во воена ситуација или во случај на прогон.
Треба да бидеме подготвени за големиот бран луѓе што ги напуштаат своите домови против нивната волја “, изјавил Високиот комесар на УНХЦР, Филипо Гранди
Светот треба да се подготви за масовно зголемување на бројот на климатски бегалци, можеби милиони, изјавил Високиот комесар на ОН за бегалци, на Светскиот економски форум во Давос во вторникот, каде претходно американскиот претседател ги нарече климатски предупредувања катастрофални пророштва на активисти за животна средина. Говорејќи за Ројтерс на Светскиот економски форум (ВЕФ) во Давос, Филипо Гранди рекол дека одлуката на ОН оваа недела значи дека земјите мора климатските мигранти мора да ги тертира како бегалци, што има големи импликации врз владите.
„Дефинитивно зборуваме за милиони луѓе“
Комитетот за човекови права на ОН во понеделникот донесе пресуда за случајот Јоан Теиоти, жител на пацифичкиот островска држава Кирибати, кој поднел тужба против Нов Зеланд, откако таа земја му го одбила барањето за азил.
„Од пресудата произлегува дека ако постои закана за вашиот живот како резултат на климатските промени и вонредна состојба и ако ја преминете границата и влезете во друга земја, не треба да бидете испратени назад затоа што животот ви е загрозен, како во воена ситуација или во прогон“, истакнал Гранди.
„Ние мора да бидеме подготвени за големиот бран на луѓе кои ќе ги напуштаат своите домови против нивната волја“, изјави Високиот комесар на УНХЦР.
„Не би се осмелил да зборувам за конкретни бројки, премногу е шпекулативно, но сигурно зборуваме за милиони луѓе“, заклучил Гранди.
Трамп и Грета Тунберг различно за истото
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот нешто претходно во својот говор ги повика активистите на Светскиот економски форум.
„Јас сум голем поборник за животната средина. Сакам најчиста вода и воздух “, рекол Трамп, најавувајќи дека ќе се приклучи на иницијативата ВЕФ за засадување милијарди дрва, но ги нарече активисти за животна средина„ вечни пророци на катастрофа “.
„Ние мора да ги отфрлиме вечните пророци на катастрофата и нивните апокалиптични предвидувања“, истакнал Трамп
Шведската активистка за животна средина, Грета Тунберг, која го слушаше говорот на Трамп, рече дека садењето дрвја не е доволно. „Нашата куќа сè уште гори“, рече Тунберг, истакнувајќи дека „вашата неактивност го разгорува огнот.“ (Агенции)









