Нетанјаху го повикува светот да го казни судот во Хаг, бидејќи на Евреите им го негира правото на историска земја

0
151

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повика меѓународната заедница да го казни Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) за „напад врз демократијата и правото на еврејскиот народ да живее во својата првобитна татковина“.

Како што е соопштено, Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг сега истражува дали Израел извршил воени злосторства против Палестинците во последните години.

Нетанјаху најпрво даде ваква изјава во интервју за ТБН, најголемиот христијански-евангелски канал, а потоа ја даде својата изјава на 21 јануари за израелските и светските агенции.

„Американската администрација под претседател Трамп остро се спротивстави на Меѓународниот кривичен суд за оваа пародија и ги повикувам сите да го сторат истото, барајќи конкретни дејствија, санкции против Трибуналот, неговите службеници, обвинители, сите …“, изјавил Нетанјаху.

„Тие спроведуваат целосен и фронтален напад врз демократијата, како на правото на демократските земји за самоодбрана, така и на правото на Израел и правото на еврејскиот народ да живеат во својата првобитна татковина, земјата на Израел“, додал Нетанјаху.

Американските евангелските христијани претставуваат еден од политичките столбови на претседателот Трамп и се најголемите поборници на ционизмот во американското општество. Евангелските гласови на изборите во САД во 2016 година се смета дека се клучни за победата на Трамп.

На крајот на 2019 година, канцеларијата на Мешународниот казнен суд објави дека ги има сите причини да се испитаат постапките на Израел за можни воени злосторства извршени во палестинските територии, Западниот брег, вклучително и Источен Ерусалим и Појасот Газа, од кои првиот беше окупиран а другиот е под опсада од копно, море и воздух.

Државата Палестина претходно апелираше до Меѓународниот кривичен суд и, според тоа, не беше потребно да се бара овластување за надлежност пред да започне истрага.

Сепак, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Фату Бенсуда, „од безбедносни причини и со оглед на уникатните и многу контроверзни правни и фактички проблеми поврзани со оваа ситуација“, побара од ИЦЦ да потврди дека надлежноста на овој меѓународен судски орган се протега на палестинските територии. Судот пресуди дека „постојат сите законски критериуми за започнување истрага“.

Истрагата сега ќе влијае на изградбата на израелските еврејски колонии во окупираната палестинска територија, преместување на окупираното население во окупираната територија, уривање на палестинскиот имот, иселување на Палестинците од Западниот Брег и Источен Ерусалим и напади врз Палестинците за време на израелските воени операции во Појасот Газа.
Доналд Трамп и Бенџамин Нетанјаху

Одлуката на Хашкиот трибунал и намерата на јавниот правобранител предизвикаа бес и незадоволство во Израел и САД.

„Одлуката на обвинителката Бенсуда го претвори Меѓународниот кривичен суд во политичка алатка за делегитимизација на државата Израел. Обвинителката целосно ги игнорираше правните аргументи што и ги презентиравме “, изјавил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Американскиот Стејт департмент ја нарече истрагата „неправеден прогон на Израел“, додавајќи дека ИЦЦ, наводно, не била надлежна да ги разгледа можните израелски воени злосторства, според палестинската тужба.

„Не веруваме дека Палестина може да се смета за суверена држава и затоа нема право на полноправно членство или учество како држава во меѓународни организации, субјекти или конференции, вклучително и ИЦЦ“, истакнал американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Наспроти тоа, палестинскиот орган ја поздрави одлуката на МКС и обвинителството да ги испита израелските дејствија.

Ханан Ашрави, член на Извршниот одбор на палестинската ослободителна организација (ПЛО), ова го нарече „важен чекор напред“.

„Од приемот на Палестина во Римскиот статут, палестинскиот народ се стекна со верба во Меѓународниот кривичен суд како независна инстанца што може да му гарантира правда и обештетување за многу воени злосторства извршени против него од неговиот окупатор, Израел“, рече Ашрави.

„Пред пет години, кога Палестинците се приклучија на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, Палестина го предупреди светот за израелското исклучување и неказнивост“, додаде таа.

„Израел мора да плати за своите злосторства, а палестинскиот народ нема да прифати исклучоци од прашањето за универзалноста на човековите права“, рече Ашрафи, повторувајќи ги надежите на сите Палестинци „дека ќе постигнат правда, правна заштита и одговорност преку меѓународни механизми, вклучително и ИЦЦ“.

Дури и да не биде така, со ваквиот став  Израел му даде силен аргумент за сите оние кои со причнина не ја гледаат оваа земја како важна и почитувана членка на меѓународната заедница.

The Guardian