Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, имаше телефонски разговор со иранскиот министер за надворешни работи, Џевад Зариф, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од дипломатски извори, министерот Чавушоглу и Зариф во телефонскиот разговор се осврнале на случувањата во регионот.

За време на телефонскиот разговор, Чавушоглу изразил сочувство до својот колега за лицата што го загубија животот во падот на украинскиот патнички авион во Иран