Путин: „Соработката меѓу Русија и Турција се развива и покрај сите напори за нејзино спречување“

by Administrator

Денес за време на церемонијата на отворањето на гасовотот „Турски тек“, претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање изјави: „И покрај напорите за спречување на соработката меѓу Русија и Турција, таа се развива во сите области“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседател Путин наведе дека пренесувањето на рускиот гас во Европа преку Турција ќе влијае на целата европска економија.

Путин посочи дека постојат тенденции во насока на зголемување на тензиите во регионот, додавајќи дека Турција и Русија во таа насока покажуваат тотално друга тенденција.

You may also like