Авион на „Пегасус ерлајнс“ („Pegasus Airlines“) изутрина излета од пистата на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, при што е донесена одлука до 20:00 часот по локално време да се прекинат летовите на овој аеродром, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авионот на „Пегасус ерлајнс“, кој од аеродромот во Шарџа во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) летал за Истанбул, по слетувањето излета од пистата.
Во несреќата нема жртви или повредени, а донесена е одлука за прекинување на летовите до 20:00 часот по локално време. Можно е летовите повторно да се реализираат и пред овој период.
Во соопштението од Гувернерството на Истанбул се вели дека 164-те патници, што се наоѓале на аеродромот, се безбедно евакуирани.
Од друга страна, исто така и „Пегасус ерлајнс“ објави соопштение во врска со овој случај.
„Реализирано е безбедно евакуирање на патниците и на нашиот екипаж. Нема жртви или повредени. Ќе продолжиме со информирање во врска со настаните“, се вели во ова соопштение.









