Денес рускиот претседател Владимир Путин пристигна во ненадејна посета на Дамаск, каде разговарал со својот сириски колега Башар ал Асад во рускиот воен команден центар.
„Путин се возел низ улиците на Дамаск на патот кон командниот центар, каде што започнала средбата откако слета на градскиот аеродром“, изјавил секретарот за печат на Кремљ, Дмитриј Песков.
Рускиот претседател тука се состанал со Асад и двајцата лидери ги слушале извештаите на неговите министри за одбрана за состојбата на теренот во различни региони на земјата. Русија му помага на Сирија во борбата против тероризмот уште од 2014 година.
За време на нивната средба, Путин му пренел на Асад „дека знаците на мирно живеење со голо око се видливи на улиците на Дамаск“, изјавил Песков.
Рускиот претседател исто така рече дека сега со сигурност може да се каже дека „е поминат голем пат за враќање на државноста на Сирија и територијалниот интегритет“.
Путин последен пат ја посети Сирија во 2017 година кога ја посети руската воздушна база Хмејмим во западната провинција Латакија.
Ниту канцеларијата на рускиот претседател ниту канцеларијата на Башар ал Асад не дадоа каква било од овие информации.
Секако, ненадејната посета на Путин на Дамаск има важна симболика, особено поради ескалацијата на тензиите во регионот, што според многумина е на работ на отворен конфликт меѓу американската војска и Иран, но и со шиитската армија во Ирак. Во следните неколку дена работите може да бидат појасни и ние сигурно ќе се вратиме на оваа тема со подетална анализа.



