Соединетите држави одбиле да му издадат виза на иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Jавад Зариф, кој имал намера да присуствува на претстојната седница на Советот за безбедност на ОН, кршејќи го договорот на тоа меѓународно тело според кое Вашингтон мора да им дозволи на странските службеници да влезат во земјата за да вршат работи поврзани со Организацијата на ОН.
Зариф побарал виза пред неколку недели за да може да влезе во седиштето на ОН за да присуствува на седницата на Советот за безбедност на 9-ти јануари.
Сепак, официјален претставник на американската влада упати телефонски повик до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш дека нема да му биде дозволен влез во Вашингтон, пренесува ФП.
Иранските власти сè уште не ја потврдија оваа информација, но министерот Зариф се најде на списокот со санкции на САД од август минатата година, поради извонредната елоквенција на Иран во ширењето на пораката на иранскиот народ.









