ЗНМ и СЕММ го презентираа списокот на “портали“ кои ќе ги бранат боите на власта

0
145

Имајќи го во предвид денешното презентирање на Регистерот на “професионални“ онлајн медиуми, за оние малку по упатените , од повеќе е јасно дека со исклучок на некои портали, од повеќе е јасно дека истиот тој регистер, всушност и представува список на “професионални“ портали кои во пресрет на изборите во април, ќе мора да ги бранат боите на власта, и пренесуваат се она што за власта ќе треба да се изгледа во ред и се она што таа ќе треба и режира и диригира, а другото да се остава настрана.

За жал, ова што денес беше презентирано, ги подели и настрана, тргна медиумите на “ваши и наши“ т.е власт и опозиција. Значи работите повторно ни се повторуваат како порано, односно како што правеше претходната власт, така сега и оваа, значи слобода во медиумите постои само во нечиј тефтер, и за жал таквите “професионални новинари“ ќе мора да пишуваат како ќе му биде диктирано од тој ист тефтер..

Значи СЕММ и ЗНМ едноставно под диригентската палка на власта го направија тоа што го направија, си прогласија 72 портали како свои поданици, велам поданици заради тоа што самите ќе забележите како ќе се однесуваат во пресрет на изборите, па тогаш и на глупавиот ќе му стане јасно..

Значи ние оние , другите веќе се прогласени за аматерски, непрофесионални, медиуми кои пренесуваат лажни информации и што уште не.. И згора на тоа во своето известување дури се дрзнавте и да потенцирате  “ „Во контекст на изборите во државата, Регистарот ќе биде тест за политичките партии дали ќе се промовираат во професионалните онлајн медиуми или кон нивните ‘привезоци’“.

Па г-дине Чадиковски, вие веќе си направивте “привезоци“ кои ќе бидат приврзани на власта и сите политички партии кои ќе тежнеат кон оваа власт.

А, за професионализмот, г-дине Чадикоски, другпат…

Како и да е , сигурно оние од сегашната власт (Заев, Шекеринска, Манчевски, Николовски идр.. кои беа дел од наши интервјуа се надевам дека нема да се застрамат што биле представувани од медиуми кој пренесувал “лажни“информации.

Како и да е, г-дине  Чадикоски, борбата продолжува, ние на една а вие на друга страна, само мака ќе ми биде кога ќе се зборува за “регулација“ на медиумите, или подобро кажано за “регулација по нарачка“..

Ах… наша жална Македонијо, никако да излезеш од медиумскиот мрак…