Навивач на Манчестер Сити е уапсен поради сомнителна расистички напад, за време на дербито во Манчестер во саботата, потврди полицијата.
Еден од групата на навивачи на Манчестер Сити, е снимен наводно како правел мајмунски гестови и звуци кон играчот на Манчестер Јунајтед, „Фред“.
Играчот од средниот ред исто така е повреден откако проектил го удри директно во вратот, додека се спремаше да изведе корнер.
Офицерите соопштија дека 41-годишен маж – именуван како „Ентони Бурки“ („Anthony Burke“), е уапсен под сомнение за расистичко загрозување на јавен ред и останува во притвор за испрашување.
Надзорникот Крис Хил(Chris Hill) рече: ‘Би сакал да и се заблагодарам на јавноста за постојаната поддршка за овој инцидент.
‘Расизмот од кој било вид нема место во фудбалот или нашето општество и се надевам дека ова апсење покажува дека ние го сфаќаме ова прашање исклучително сериозно.
‘Ние ќе продолжиме да работиме со фудбалските клубови Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед за овој инцидент и ќе спроведуваме било какви други исраги.“



Сити брзо издаде изјава во која се вели дека клубот соработува со Големата полиција во Манчестер, а ФА планира да разговара со клубовите, судијата Ентони Тејлор, полицијата и другите релевантни страни.
Јунајтед го пријавил инцидентот во Сити и кај судијата Тејлор, каде повеќе играчи во текот на натпреварот биле нападнати со расистички навреди.
Исто така, имало и извештаи за користење проектили, во време кога на трибините атмосферата била се пожестока и жестока, па во една од приликите, Фред стана жртва на еден од проектилите, фрлен од толпата.
Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер рече: ‘Фред и Хесе (Лингард)Го видов видеото, а слушнав и од играчите додека Фред и Хесе беа кај корнерот.
„Постојано зборуваме за тоа секоја крвава недела“.
Додаде Солскјаер, дека секој што е прогласен за виновен за расизам на натпревар, повеќе не треба да биде „примен на фудбалските терени повторно“.
Во соопштението на Сити се вели: ’ФК Манчестер Сити е свесен за видето кое кружи на социјалните мрежи, на кое се гледа како навивач прави расни гестови за време на второто полувреме, против Манчестер Јунајтед.
„Службениците во клубот работат со Големата полиција во Манчестер, за да им помогнат да ги идентификуваат сите засегнати лица и да помогнат во нивните истраги.
„Клубот работи и со ГМП на пример за предметите што се фрлаат на терените.
„Клубот има политика на нулта толеранција од секаков вид, и секој што ќе биде прогласен за виновен за расно злоставување, ќе добие забрана од клубот за целиот живо“.
Dubai-Portal / Metro








