Просветниот работник Халил Ибрахим Алаѓоз од Муш во Турција, благодарение на фотографијата, хобито кое бара многу време и трпение, им помага на оринтолошките друштва во земјата во евиденцијата на ретките птици.
Досега фотографирал околу 150 видови птици кои се најдоа во мочуриштата на долината Муш, кои се една од најпопуларните дестинации на оринтолозите и набљудувачите на птици.
Алаѓоз е еден од оние луѓе кои уживаат во престојувањето во природа, а со оглед на тоа дека е наставник на група предмети од природата, успеал да ја спои работата со хобито.
Во разговор за Агенција Анадолија (АА) појасни дека многу сака да фотографира, а дека често ги поминува часовите чекајќи совршен момент и кадар.
Птиците се најчеста тема на неговите фотографии, а особено ужива во пролетниот и есенскиот период кога значително е зголемен бројот на птици во подрачјето на долината Муш.
„Ова подрачје е исклучително богато од аспект на видовите птици. До денес евидентирав околу 150 видови птици. Оние видови кои ги фотографирам, ги евидентирам и ги испраќам на интернет-страницата „Тракус“, и чекам одобрување од надлежните. Долината Муш е исклучително важна бидејќи во неа се наоѓаат птици на кои им се заканува исчезнување“, рече Алаѓоз.
Појасни дека обично рано наутро доаѓа на подрачјето каде што ги фотографира птиците и тука врши подготовки, и дека потоа чека за најубавите глетки.
AA / Dubai-Portal








