Ирак: Ослободени 2.626 демонстранти приведени за време на протестите

by Administrator

ИСТАНБУЛ (АА) – Високиот судски совет на Ирак соопшти дека се ослободени 2.626 демонстранти приведени за време на мировните протести во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на прес-центарот на ирачкиот Висок судски совет, бројот на ослободените лица приведени за време на демонстрациите кои започнаа на 1 октомври, изнесува 2.626 лица.

Во ова соопштение се нагласува дека делегација при овој Совет го следи досието на демонстрантите, и дека во тек се истрагите против 181 лице против кои постојат различни обвиненија.

Според соопштението на Високиот независен комесаријат за човекови права на Ирак објавено на 4 декември, во демонстрациите кои започнаа на 1 октомври во оваа земја, со цел протестирање против невработеноста, корупцијата и недоволните јавни услуги, загинаа најмалку 460 лица, додека 19.000 лица се повредени.

Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди на 29 ноември беше принуден да поднесе оставка поради антивладините протести.


AA / Dubai-Portal

You may also like