На граничниот премин Стење текот на вчерашниот ден, се запалил автомобил во движење, со бугарски регистерски таблици.
Според пријавеното вчера во 09 часот и 37 минути било пријавено дека на Граничен премин „Стење“ настанал пожар во патничко возило во движење, „фолксваген шаран“, со бугарски национални ознаки, управувано од В.Н.(60) од селоЕзерани, ресенско.
Пожарот бил изгаснат од противпожарните служби, повредени лица нема и е извршен увид.










