Зависноста од паметните телефони, која вклучува нервоза кога телефонот е недостапен или занемарување на важни активности, има штетен ефект врз менталното здравје.
Најголем број на зависници се младите на возраст меѓу 17 и 19 години, според истражувањето, објави Јуроњуз(Euronews).
“Нашата анализа ги покажа последиците не само од прекумерната употреба, туку и нефункционалната употреба на телефони. Откривме врска помеѓу ваквото однесување и нарушеното ментално здравје – рече еден од авторите на студијата, Бен Картер(Ben Carter) од Институтот за психијатрија, психологија и неврологија на колеџот Кингс(Kings), Лондон”.
Луѓето кои се зависници од телефон доживеале зголемена депресија, вознемиреност и стрес и имаат проблеми со спиењето.
Многу проблематични корисници велат дека поголемиот дел од времето го поминуваат на социјалните мрежи.
Авторите сметаат дека е неопходно јавноста да се освести за овој проблем, бидејќи и следните генерации ќе користат паметни телефони.
Тие наведуваат дека сè уште не е точно утврдено дали тие се зависни од самите паметни телефони или апликациите што ги користат и укажуваат на потребата од дополнително истражување за да се утврдат потенцијалните последици од ментално здравје на идните млади генерации.
Научниците анализирале 41 студија, објавени од 2011 година, во кои биле опфатени 4.871 тинејџери и млади лице од Азија, Европа и Америка.
Srna.










