ДУЗЏЕ (АА) – Турската Црвена полумесечина испрати 5 шлепери помош кои содржат шатори, ќебиња, облека и храна за мигрантите во подрачјето на Бихаќ во Босна и Херцеговина, кои ги напуштиле нивните земји за да стигнат во Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Петте шлепери содржат вкупно 108 шатори, 3.000 ќебиња, храна и зимска облека, кои изутрина од Турција тргнаа кон Босна и Херцеговина.
Хусеин Татар, претставник на Црвената полумесечина, во изјава за АА истакна дека по барање на Црвениот крст на Босна и Херцеговина, тие како Црвена полумесечина тргнуваат на пат за да им ги обезбедат зимските потреби на мигрантите кои поради војна ги напуштиле своите земји и се наоѓаат во подрачјето на Бихаќ.
Тој рече дека мигрантите се блокирани во ова подрачје во Босна и Херцеговина.
„Мигрантите кои од Ирак, Иран, Пакистан, Сирија и Авганистан тргнале на пат за да имаат подобар живот, се блокирани во ова подрачје. Се соочуваат со големи проблеми при преминот во Хрватска и се принудени зимата да ја поминат овде. Ние како турски народ ја пружаме нашата рака, со цел тие да можат да живеат во тешките зимски услови“, додаде Хусеин Татар, претставник на турската Црвена полумесечина, нагласувајќи дека се обидуваат на мигрантите да им обезбедат засолниште.
Mahir Demişoski









