Во воздушни напади на руските воени авиони во Идлиб загинаа две деца од исто семејство

by Administrator

Во реализираните интензивни воздушни напади од страна на Русија врз цивилните населени места во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија две деца од исто семејство.

Според Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери, руски воени авиони реализираа воздушни напади врз селата Маритирме, Хазарин, Мушејрифе, Сфухен, Ум Халахил, Дар Ел Кебире и Зерзур кои се наоѓаат во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб.

Исто така и Асадовиот режим од утринските часови реализира интензивни напади од воздух и копно врз населеното место Кефренбил и селата Бсакла, Марзите, Џибала, Сихал, Тел Дем, Техтаја и Гасанје во јужното рурално подрачје на Идлиб.

Според добиени информации од надлежни за Цивилна одбрана (Белите Беретки) во Идлиб, во реализиран напад од страна на руските воени авиони врз селото Маритирме во Идлиб загинаа две деца од исто семејство.

Според извештајот за Цивилна одбрана, во нападите коишто ги реализираа Асадовиот режим, странските терористички групи поддржани од Иран и на Русија, врз цивилните населени места во Идлиб минатиот месец животот го загубија 75 цивили од кои 13 беа деца.

Mahir Demişoski

You may also like