Home ИнтересноТрамп издаде наредба за укинување санкции на Турција

Трамп издаде наредба за укинување санкции на Турција

by Administrator
0 comments

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека издал наредб за укинување санкции на Турција наметнати поради операцијата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп во обраќањето пред новинарите во Белата куќа говореше и за договорот со кој е запрена турската операција „Извор на мирот” на северот на Сирија. Истакна дека Турција ја запрела операцијата откако со САД е постигнат договор.

„Издадов наредни на Трезорот да ги укине санкциите на Турција воведени на 14 октомври”, рече американскиот претседател.

Нагласи исто така дека е во сила примирје на сириско-турската граница, додавајќи дека веќе сега станало трајно.

„Формирана е и безбедна зона од 32 километри”, рече Трамп.

You may also like