Бела куќа: Се уште се надеваме дека Турција нема да го користи рускиот С-400

by Administrator

Вашингтон се уште се надева дека Турција нема да ги користи руските противоздушни системи С-400, изјави неименуван висок функционер на Белата куќа.

„Се надевам дека Турција нема да продолжи да купува руски системи и ќе се врати на стандардната практика на НАТО – дека нема сериозни одбранбени системи од руско производство“, изјавил тој.

Тој, сепак, потврди дека испораката на американски авиони Ф-35 за Турција ќе биде стопирана доколку Турција го финализира договорот со Русија.

Американскиот официјален претставник додаде и дека САД сакаат добри односи со Турција, како и со другите земји-членки на НАТО во Европа.

Потсетуваме – Русија започна со испорака на системите за воздушна одбрана С-400 во Турција во јули, а втората фаза на испорака беше завршена кон средината на септември.

Според претходните најави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, испораката на овие системи треба да заврши до 2020 година, кога треба да стапат на должност.

You may also like