Вашингтон објави дека е подготвен да употреби и воена сила против Турција

0
123

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека претседателот Доналд Трамп е целосно подготвен да ја користи воената моќ против Турција доколку е потребно.

И покрај ова, Помпео тврди дека Вашингтон би сакал сè да реши на дипломатски начин.

„Во случај воената сила да биде неопходна, Трамп е подготвен да ја искористи“, предупредил американскиот државен секретар.

Помпео додал дека останува на американскиот претседател да одлучи дали Турција ја премина таа црвена линија дека ќе биде потребна таква мерка на Вашингтон.

Претходно, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја продолжи операцијата Извор на мирот во северна Сирија, доколку САД не ја исполнат својата обврска да влијаат врз повлекувањето на курдските сили од турско-сириската граница.

Извор:sputniknews