Група муслимани во Кливленд, град во американската сојузна држава Охајо, организираше хуманитарна акција за дистрибуирање пакети со храна на сиромашните сограѓани и бездомници за да им помогне на сиромашните, јавува Anadolu Agency (AA).
Муслиманската заедница во тој град започна хуманитарен проект наречен „Нахрани ги гладните“ за да им помогне на сограѓаните од посиромашниот слој. Во текот на неколку дена, околу сто доброволци, членови на исламската заедница во Кливленд, дистрибуираа околу 2.000 пакувања со храна и топли оброци на бездомници и други граѓани во тешка финансиска состојба.
Волонтерите во интервју за новинарите изјавија дека направиле нешто разбрано во рамките на исламската религија.
-Ние го направивме она што го диктира светата книга Кур`анот. Во таа книга се вели дека е неопходно да им се помогне на другите и дека никој не смее да биде дискриминиран врз основа на религија, раса и нација. Ако вашиот сосед или пријател е гладен, треба да ги нахраните. Ваша обврска е како муслиман – рече Јамамах Рашид, еден од организаторите на добротворната организација Кливленд.
Некои од волонтерите исто така рекоа дека е многу важно да им се помогне на луѓето на кои им е потребен на овој начин, затоа што тоа го зајакнува чувството на солидарност, меѓурелигиски дијалог и социјална кохезија
