Нетанјаху не успеа да формира влада

0
127

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека не успеал да формира влада за национално единство. Претседателот Реувен Ривлин сега ќе му го даде мандатот на неговиот ривал Бени Ганц за 28 дена да формира коалиција, откако никој од нив не обезбеди …
… мнозинство на предвремените избори во септември.

Нетанјаху во понеделникот вечерта го извести на Ривлин дека го враќа мандатот за формирање влада. Во видео на Фејсбук, Нетанјаху изјави дека работи „неуморно“ на воспоставување „широка влада на национално единство“, а тоа е „она што го сакаат народот“.

Ривлин во соопштението за печатот изјави дека ќе му даде на Ганц 28-дневна задача да формира коалиција. Одлуката официјално ќе ја објави Ривлин во наредните неколку дена, пренесува РТ.

(Вијести.ба / ФЕНА)