Сириската армија распоредена долж границата со Турција

0
111

Сириската армија ќе биде распоредена по целата граница со Турција за да го одврати турскиот продор, соопшти курдската администрација.

Курдската администрација соопшти дека ова ќе овозможи ослободување на другите сириски градови окупирани од турската армија, како што е Африн.

Распоредувањето на војската, во договор со курдската администрација, ќе им помогне на сириските демократски сили (СДФ) во борбата против „агресијата и ослободување на другите територии“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска објави дека турската војска и нејзините сириски сојузници ќе влезат 30 до 35 километри длабоко во сириската територија во офанзива против курдската милиција.

Тој рече дека турската армија веќе го окупирала градот Рас ал Аин и го опколила градот Тел Абјад.

Ердоган на прес-конференција во Истанбул изјави дека двајца турски војници и 16 сириски бунтовници се убиени во досегашните операции.