Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека сириските Курди ја дале најголемата поддршка за операцијата Извор на мирот, што ја започнале турските сили во северна Сирија.
„Целите на нашата операција не се Курдите“, истакнал турскиот претседател во Истанбул.
Тој додаде дека Турција нема да дозволи формирање на терористичка држава во северна Сирија.
Како што рече тој во операцијата што ја започнале турските сили на 9 октомври за елиминација на терористичките елементи, загинале 440 терористи, 26 повредени, додека 24 се предале на турската армија.
– Досега се извршени 652 минофрлачки и ракетни напади врз турските провинции Шанлиурфа, Мардин, Сирнак и Газиантеп, испукани од терористите на YPG / ПКК, рече Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека 18 цивили, повеќето од нив деца, загинале во нападите на ПКК врз турските погранични провинции, додека 147 се повредени.
На 9 октомври турските сили започнаа воена операција „Извор на мирот“ во северо-источна Сирија, односно во граничната зона на источниот брег на Еуфрат, окупирана од терористичката организација ПГК / ПКК.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека целта на операцијата е да се обезбеди турската граница со елиминација на терористички елементи и да се спречи воспоставување терористички коридор. Целта е исто така да се воспостави безбедна зона за враќање на сириските бегалци и зачувување на територијалниот интегритет на Сирија.
Турција предупредува дека терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок, ПЕГ / ПДП, претставуваат најголема закана за иднината на Сирија затоа што тие се закануваат на нејзиниот територијален интегритет и целовитост.
