Ердоган на 7.октомври доаѓа во Србија и со себе носи милионски инвестициски договори

0
125

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ќе пристигне во дводневна посета на Србија на 7-ми октомври, со себе носи милионски договори за инвестиции, изјави министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Покрај добар политички дијалог, пристигнувањето на Ердоган ќе ја зајакне и економската соработка меѓу двете земји, бидејќи ќе бидат склучени договори за големи инфраструктурни проекти и отворање нови фабрики, истакнал Дачиќ.

Related image
Фото:regnum.ru

Ова се големи инфраструктурни проекти, инвестиции во областа на транспортот, како и нови фабрики кои ќе обезбедат работни места.

Дачиќ рече дека Ердоган е особено задоволен од односите со Србија.

„Ердоган вели дека нашата соработка е извонредна. Кога ќе дојде во посета, ќе биде организиран состанок на Високиот совет за соработка на Србија и Турција, а потоа ќе се прецизира сè за почетокот на работата на автопатот до Сараево. Очекувам отварање на неколку фабрики, тоа ќе бидат милиони инвестиции “, изјавил Дачиќ.

Извор:blic,rs